Фернандеш ги пакува куферите: Јунајтед се насочува кон многу помладо решение?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доаѓањето на Рубен Аморим на местото менаџер на Манчестер Јунајтед го стави фокусот на неговиот сонародник Бруно Фернандеш кој според сите треба да биде носител на играта во редовите на англискиот великан.

И покрај солидниот почеток на сезоната, поранешниот фудбалер на Спортинг во еден момент западна во втор план кај Ерик тен Хаг, но блескавите натпревари по сметање на холандскиот стручњак сугерираа дека капитенот на клубот би можел повторно да биде тој стариот.

Според пишувањата на одредени англиски медиуми, младиот холандски фудбалер Ќави Симонс би можел да биде идеална замена за Фернандеш во Јунајтед бидејќи е помлад за скоро една деценија и зад себе веќе има прилично стаж во европскиот фудбал.

На Симонс на крајот на сезоната му истекува позајмицата од Пари Сен Жермен во Ред Бул Лајпциг, а бидејќи му важи договорот на “Паркот на принцовите” до летото 2027 година јасно е дека за неговото откупување ќе биде потребно високо обештетување.