Фернандеш им се извини на навивачите по поразот од Бормут


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед се распадна против Бормут и загуби со 0-3, а тоа предизвика гнев и незадоволство кај навивачите на премиерлигашот.

Навивачите ги исвиркуваа фудбалерите на англискиот гигант, а Бруно Фернандеш реши да им се извини по натпреварот.

„Сакам да се извинам, ова не е доволно добро и навивачите се во право. Ќе тргнам од себе, нема никого да нападнам. Морам да признама дека сите потфрливме и свесни сме дека ова не е достојно за ваков гигант. Навивачите нè поддржуваат, но нормално е да не се задоволни. Не знам дали е недостаток на концентрација или фокус, но мора да пронајдеме каде е проблемот“, вели Фернандеш.