Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Една од најголемите ѕвезди на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш си го искрши Ферарито во сообраќајна несреќа, но за среќа не заработи ниту една повреда.
Фернандеш со своето Ферари се судрил со џип на пат кон тренинг-центарот на Манчестер јунајтед пред подготовките за дербито кое се игра утревечер од 21 часот на „Енфилд“.
Португалецот ќе биде на располагање за натпреварот, иако доживеа стресна ситуација. Тој е важен дел од екипата и сезонава постигна девет голови и шест асистенции.
Фернандеш неодамна стави потпис на договорот до 2026 година.
The scene of Bruno Fernandes' crash this morning #mulive [@talkSPORT] pic.twitter.com/4jCmJVGaKo
— utdreport (@utdreport) April 18, 2022