Фернандеш испрати порака до Ристовски: Жал ми е… 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски вчера го напушти Спортинг Лисабон и му се приклучи на Динамо Загреб, каде што ќе му биде соиграч на Аријан Адеми.

Ристовски беше во лоши односи со тренерот Рубен Аморим и не добиваше шанса, па поради тоа Македонецот се надеваше на трансфер и тоа го дочека во последните денови од преодниот рок.

„Имам многу да напишам, тешки времиња се зад мене и моето семејство, а денес сум горд. Ви благодарам за прекрасните моменти“, напиша Ристовски.

Веднаш потоа Ристовски доби порака од неговиот поранешен соиграч и фудбалер на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш.

„Жал ми е што твојата авантура во Спортинг заврши вака. Секогаш даваше максимум и ги почитуваше вредностите на Спортинг. Ти благодарам за тоа што го направи за мене и тимот. Секогаш беше цар и заслужуваш шанса да се докажеш“