Фернандеш конечно прозборе за неговата караница со Мегваер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваа дека Бруно Фернандеш имал жестока караница со Хари Мегваер на полувремето против Тотенхем.

Во јавност не се појавија ниту Мегваер, ниту Фернандеш за да ја искоментираат оваа шпекулација, но сега Португалецот реши да прозбори за целата ситуација.

„Многу се пишуваше за тоа. Прво дека сум се расправал со повеќе играчи, па потоа само со Мегваер, па со Линделоф, а на крај со Солскјер. Сетоа тоа се само обид да не извадат од ритам. Ништо од тоа не е вистина. Тренерот ме остави во соблекувалната, но од технички причини. Ми кажа дека натпреварот е скоро готов бидејќи губевме со 1:4 и дека пред нас се уште многу натпревари. Не бев задоволен, но не кажав ништо, посебно не правев глупости пред соиграчите“, кажа Фернандеш.