Фернандеш му удри „шлаканица“ на Роналдо (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Манчестер јунајтед во големото дерби против Манчестер сити славеше со 2-1, а по мечот Бруно Фернандеш даде искрена изјава за која многумина сметаат дека била насочена кон Кристијано Роналдо.

Роналдо е веќе заборавен на „Олд Трафорд“, а Фернандеш вели дека тој и неговите колеги конечно личат на екипа.

„Пред натпреварот им кажав на соиграчите дека конечно изгледаме како тим. Пред неколку месеци тоа беше реткост“, кажа Фернандеш.

Очекувано, многумина сметаат дека Фернандеш сметал на Роналдо, кој во ноември ја прекина соработката со „црвените ѓаволи“ и потпиша за Ал Наср од Саудиска Арабија.