Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед мораше да оствари добар резултат против Тотнем, но беше надигран и доживеа пораз од 0-3 на „Олд Трафорд“.
Бруно Фернандеш ја осуди одлуката да го испратат надвор од играта во поразот на Манчестер Јунајтед против Тотнем, откривајќи дека Џејмс Медисон се согласувал дека е остра одлуката да му биде покажан црвен картон.
Јунајтед имаше потреба да се врати на победнички патеки против Тотнем по нерешениот резултат против Твенте во средата, но гостите од Лондон поведоа по само три минути.
Почетокот на ужасното попладне на „Олд Трафорд“ беше поставен од тој момент кога Фернандеш доби црвен картон и тоа ги зголеми проблемите на Јунајтед.
Дејан Кулушевски зголеми на 2-0 на три минути по полувремето, а Доминик Соланке ја продолжи мизеријата на Јунајтед кога стрелаше за 3-0 по корнер во 77. минута.
По натпреварот, Фернандеш се јави да говори за „Скај Спортс“ и ја осуди одлуката да го исклучат од игра.
„Ги изневерив моите соиграчи. Ја почитувам сета нивна работа на теренот и секако беше тешко за нив. Не го започнавме натпреварот добро со 11 против 11.”, кажа тој.