Фернандеш размислува – да остане во Јунајтед или да премине во Ал Хилал?


Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Агентот на португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш, се вратил во Европа откако бил во Саудиска Арабија. Според медиумите, тој таму дискутирал со претставници на саудискиот клуб Ал Хилал.

Овој клуб покажа голема заинтересираност да го доведе капитенот на Манчестер Јунајтед во својата екипа и наводно е подготвен да потроши без оглед на цената за неговото ангажирање.

Ал Хилал, кој во последните сезони има донесено многу познати имиња од европскиот фудбал, се стреми да го зајакне својот состав со уште една голема ѕвезда, а 30-годишниот Фернандеш е на врвот на нивните желби.

Фото: Grok AI