Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Португалија загуби со 0-1 од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство (СП) во Катар, па така Кристијано Роналдо остана повторно без можност за првпат во кариерата да се закити со пехарот.
По мечот прво Пепе се бунеше за тоа дека им судел аргентински арбитар, а свој коментар имаше и фудбалерот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш.
„Кој ги е*е Аргентинците, не знам дали ќе им ја подарат титулата, но чудно е тоа што ни судеше аргентински судија. Сè беше против нас, ова е недозволиво“, кажа Фернандеш.