Фернандеш во јануари си заминува од „Олд Трафорд“?!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Португалецот Бруно Фернандеш е подготвен за нов предизвик во кариерата, затоа што повеќе не можел да ги поднесе критиките и наводно ќе замине уште во јануари.

Манчестер јунајтед и оваа сезона има лоши резултати, а Фернандеш е еден од најкритикуваните фудбалери на „црвените ѓаволи“.

Фернандеш ќе си замине од клубот, а негова нова дестинација најверојатно ќе биде Саудиска Арабија.

Британски „Сан“ објави дека Фернандеш веќе му дал дозвола на неговиот агент да преговара со заинтересираните клубови.

Еден од тимовите кои се заинтересирани за услугите на Роналдо е Ал Наср каде што игра Кристијано Роналдо.