Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Фудбалерот на Челси, Енцо Фернандез, кој има 23 години, донел одлука да се раздели од сопругата Валентина Сервантес и нивните две деца. Сервантес, во јавна изјава, проговори за нивната разделба и за чувствата што ја придружуваат оваа промена во нејзиниот живот. „Сè изгледаше нормално, но одеднаш ми рече дека повеќе не сака да биде со мене. Има многу работи што уште ги обработувам, но на крајот ја прифатив неговата одлука,“ изјави Валентина.
Сервантес се присети и на почетоците на нивната врска, кога таа работела во ресторан и студирала право, додека Енцо играл за младинскиот тим на Ривер Плата. Подоцна, кога станале пар и започнале да живеат заедно, таа ја напуштила работата во ресторанот и се вработила во центар за повици.
„Во тој период заработував повеќе отколку што тој добиваше од својот менаџер. Целата плата ја вложував во него и не можев да заштедам ништо. Девет месеци подоцна дознав дека сум бремена. Имав само 19 години,“ сподели таа. Во меѓувреме, се шпекулира дека Енцо веќе има нова партнерка. Сервантес вели дека нема намера да се меша во неговиот личен живот: „Тоа што го прави од денот кога се разделивме па натаму е негова одлука. Ќе ја почитувам жената што ќе ја избере, сè додека е коректна и фер кон моите деца. Во таков случај, нема да има никакви проблеми.“