Ферстапен: Хорнер глуми жртва, мора да си даде оставка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јос Ферстапен, таткото на Макс Ферстапен, вели дека Ред Бул ќе има сериозни проблеми ако Кристијан Хорнер не си поднесе оставка.

Шефот на Ред Бул беше обвинет за непримерно однесување кон колешка, по што беше отворена истрага која не собра докази против Хорнер.

Во меѓувреме на интернет се појави документ со 79 копии од пораки кои ги испраќал Хорнер до колешката.

„Ќе има тензија сè додека Хорнер е на позицијата. На тимот му се заканува опасност да биде скршен. Не може да продолжи вака. Кристијан глуми жртва, а тој е човекот кој ги предизвикал проблемите“, вели Јос Ферстапен.