Ферстапен ја освои третата титула во Ф1


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен вчера стана шампион во Формула 1 по третпат во кариерата, откако заврши втор во спринтот во Катар.

Ферстапен создаде недостижна предност во генералниот пласман и ги остави ривалите далеку зад себе на шест трки пред крајот на сезоната.

По трката во Катар треба да се вози во Лусаил, Остин, Сиудад Мексико, Сао Паоло, Лас Вегас и Абу Даби.