Ферстапен најбрз на спринт трката во Австрија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен го освои првото место во спринт трката која се возеше во Австрија и така освои осум бодови во генералниот пласман.

Ферстапен во петокот во квалификациите беше најбрз и ја одбрани првата позиција во спринт трката, па така утре за главната трка ќе биде пред двата болиди на Ферари.

Второто место му припадна на Шарл Леклер, додека третата позиција ја освои Карлос Саинц, а голем напредок имаше и вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез.

Трката за Големата награда на Австрија се вози утре од 15 часот.