Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
По контроверзниот контакт со Џорџ Расел во Шпанија и речиси целосната листа на казнени поени, Макс Ферстапен вели дека евентуалната суспензија не би била катастрофа.
Макс Ферстапен е моментално на чекор од забрана за настапување на една трка во Формула 1, но холандскиот шампион порача дека не се оптоварува со тоа.
Четирикратниот првак на Ф1 се наоѓа на 11 казнени поени, а уште само еден е доволен за да биде автоматски суспендиран од една трка.
До оваа опасна граница дојде по контроверзниот потег во завршницата на Големата награда на Шпанија, кога изгледаше дека намерно удри во страната на Мерцедесот на Џорџ Расел.
Поради тој инцидент, Ферстапен беше казнет со 10 секунди, што го чинеше пласман – падна од петтата на десеттата позиција и сега заостанува 49 поени зад лидерот на шампионатот Оскар Пиастри.
Ден по трката, Макс се јави на социјалните мрежи и призна: потегот „не беше исправен и не требаше да се случи“.
Фото: Принтскрин