Ферстапен со порака за крај на сезоната: Сакам да бидам уште подобар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трикратниот светски шампион и возач на Ред Бул, Макс Ферстапен кажа дека сезоната во Формула 1 за него била неверојатна.

Ред Бул оствари дури 21 поебда во 22 трки и ги освои двете титули, и во конкуренција на возачи и на конструктори.

„Ова беше неверојатна сезона, емотивен бев во последниот круг. Последен пат седев во болид кој ми даде многу. Горд сум и морам да им се заблагодарам на сите во Ред Бул, ова беше неверојатна година. Ќе биде тешко да се повтори нешто слично. Подготвени сме да се бориме, а јас сакам да бидам уште подобар“, кажа Ферстапен.