Феругсон: Ќе му простам на Клоп што ме разбуди во 3.30 наутро за да ми го каже тоа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јирген Клоп беше мета на исмевања кога пред пет години рече дека со Ливерпул сигурно ќе ја освои Премиер лигата и ќе стане првак на Европа.

Навивачите на Редсите 30 години чекаа на оваа титула и ова лето конечно ја дочекаа. Ливерпул минатата година стигна на тронот на Европа, но титулата за првак на Англија за нив има големо значење.

После одличната сезона Клоп заслужено беше избран за најдобар тренер во Премиер лигата, и поради успехот со својот клуб доби голем број на честитки од целиот свет.

Но, за него најголемо значеше има честитката од Сер Алекс Фергусон, со кој има и тоа како добар однос и не е тајна дека од него често бара совети пред важни натпревари.

„Оствари навистина неверојатен успех и заслужено ја освоититулата. Нивото на кое игра Ливерпул е одлично, а твојата способност се вовлече во сите пори на Ливерпул. Ова беше сезона за паметење и дури ќе ти простам што ме разбуди во 3.30 наутро за да ми кажеш дека станавте прваци“, прокоментира Фергусон.