Фетел на крајот на годината го напушта Ферари, веќе е познато кој би можел да го замени


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Себастијан Фетел пристигна во Ферари во 2015. година и се очекуваше да ја врати светската титула во Формула 1 во легендарниот тим.

Сепак, Фетел не му оди најдобро во италијанскиот тим и не успеа да го постигне она што се очекуваше од него. Фетел има договор со Ферари до крајот на оваа сезона и како што стојат работите следната година ќе го видиме во друг болид.

Според германските медиуми, Фетел и Ферари започнале преговори за нов договор минатата година, но сега е јасно дека нема да има ништо од тоа. Фетел и Ферари не успеаја да се договорат, и се чини дека тие дефинитивно ќе се разделат на крајот на оваа година.

Ферари веќе размислува многу за тоа кој ќе го замени германскиот возач, а наводно има два кандидати во игра. Тоа се Карлон Саинз од Мекларен, и Даниел Рикиардо кој во моментов вози за Рено.

Саинз е голема надеж за Формула 1 и покажа дека е многу вешт зад воланот, додека Рикиардо е во неговите сериозни години и освојувањето на светската титула е сè уште само сон за него.

Рикиардо не е задоволен со францускиот тим, што би можело да ги олесни работите многу за Ферари, доколку решат да го доведат.