Фетел повторно ќе вози за Ред Бул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот возач во Формула 1, Себастијан Фетел се враќа во болидот на Ред Бул и ќе има улога на промотер на болид на е-гориво.

Германскиот возач ќе го има првиот настап на легендарната патека „Нибургринг“ во септември, каде што ќе го вози моделот на Ред Бул „РВ7“ со кој во 2011 година ја освои шампионската титула.

Болидот на Фетел нема да биде единствен, затоа што до него ќе застане неговиот поранешен колега Даниел Рикардо со моделот „РВ8“ кој го користеше Ред Бул во 2012 година.