„ФФМ да го прекине првенството, инаку ќе го преиспитаме играњето во следното коло!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дефинитивно нешто чудно се случува во македонската Прва лига, а тоа го потврдува и соопштението на Силекс, кој закани дека ќе истапи од првенството, доколку Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) не преземе нешто во најскоро време.

Екипата од Кратово е незадоволна поради случувањата на натпреварите меѓу ФК Академија Пандев и ФК Беласица, односно ФК Беласица и ФК Шкендија, меѓу другите, кои завршија со победа на струмичкиот тим, кој беше на праг до испаѓање во втората лига, но сега е на чекор до обезбедување опстанок.

Силекс обвинува дека првенството е режирано однапред, зашто се знае кој ќе биде шампион, а кои останати екипи ќе играт во европските купови, а не е тајна ни кои тимови треба да испаднат од лигата.

Ние во продолжение ви го пренесуваме целосното соопштение на екипата од Кратово.