Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
По инцидентот за време на натпреварот меѓу младинските тимови на Брегалница и Шкупи во Штип, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) воведе строги мерки против навредувачите.
Играчот на Шкупи, Абдуљи Леарт, доби доживотна суспензија и му е забрането учество во сите натпревари под ФФМ. Неговите соиграчи, Рамадани Ибрахим и Новобрдалија Амар, се санкционирани со тримесечна суспензија.
Казнени мерки доби и тимот на Брегалница – играчот Симеон Гоцев, кој ќе пропушти четири натпревари поради учество во овој инцидент.
ФФМ објави дека по изјавите, извештаите и пријавата од Комисијата за млади категории, започнати и завршени се дисциплински постапки согласно правилата на ФФМ.
На крајот од натпреварот, Абдуљи Леарт од Шкупи физички нападнал противнички играч, предизвикувајќи сериозни повреди. Поради ова, според правилникот, му е издадена најстрога казна – исклучување од фудбалската организација.
Неговите соиграчи, Рамадани Ибрахим и Новобрдалија Амар, исто така учествуваа во нападот и против нив е поведена постапка, која резултираше со тримесечна забрана за играње.
Гоцев Симеон, играч на Брегалница, се вклучи во груба игра реагирајќи на нападот и затоа ќе пропушти четири натпревари.
Првостепената дисциплинска комисија идентификуваше и организациска и колективна одговорност на клубовите.
За Шкупи 1927 е започната дисциплинска постапка за физички напад од страна на родители/навивачи, што претставува тежок прекршок, а санкциите се насочени кон екипата на помлади пионери.
Брегалница 2008 ќе се соочи со постапка за слаба организација и недостаток на безбедност на натпреварот. Постапката и можни санкции влијаат на конкретната екипа која била домаќин.
Алејса Виши, координаторот на младите категории на Шкупи 1927, е предмет на дисциплинска постапка за давање лажни информации во системот Комет на ФФМ, прикажувајќи лица кои не присуствувале на натпреварот Брегалница – Шкупи 1927“, соопшти ФФМ.