ФФМ ги одложи натпреварите во Купот поради трагедијата во Бугарија!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Македонија ја погоди тажна вест утрово откако во Бугарија изгоре автобус и притоа загинаа 46 лица, а веднаш реагираше Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) која ги одложи натпреварите во Купот.

Утре требаше да се играат натпреварите од ¼ финалето помеѓу: Македонија ЃП – Шкупи, Пелистер – Вардар, Шкендија – Струга ТЛ и Силекс – Брегалница.

ФФМ потврди дека овие средби ќе се одиграат на 1. декември.