ФФМ ја соопшти цената на билетите за дуелот против Англија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија нема шанси да се пласира на Европското првенство (ЕП) по поразот од Украина, а до крајот на квалификациите треба да игра против Италија и Англија.

„Гордиот Албион“ гостува во Скопје на 20 ноември, а Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги објави цените на билетите.

ФФМ реши билетите да се продаваат за иста цена како за мечот против Италија, односно по 300 и 500 денари, па затоа се очекува голема поддршка за фудбалерите од трибините.

Натпреварот меѓу Македонија и Англија се игра на 20 ноември од 20.45 часот.