ФФМ објави колку пари ќе чинат билетите за мечот Македонија – Бугарија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија ги игра последните два меча од Лигата на нации, а избраниците на Благоја Милевски ќе се обидат со две победи да го освојат првото место во групата, иако тоа ќе биде ептен тешко.

Македонските репрезентативци ги чека тешко гостување во Тбилиси кај Грузија, каде што фудбалерите ќе бркаат негатива од три гола, а потоа на домашен терен ја чекаме Бугарија со која во првиот меч одигравме 1-1.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги објави цените на билетите, па тие ќе бидат пуштени во продажба од понеделник и ќе чинат од 250 до 350 денари.