Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку по натпреварот против Хрватска ги навреди Србите и Македонците, а ова предизвика реакција и од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
ФФМ испрати допис до УЕФА и побара казна за Даку, а воедно и извинување од албанскиот репрезентативец.
„Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлинд Даку јавно да се извини за неговото однесување. Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат инцидентот и да преземат дисциплински мерки“, соопшти ФФМ.