ФИБА ги одреди домаќините на Евробаскетот во 2029 година


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Остануваат уште три месеци до Евробаскетот 2025 година, а ФИБА денеска ја официјализираше одлуката за домаќинството на Евробаскетот во 2029 година. Повторно ќе биде тоа заедничка кандидатура на четири држави.

ФИБА одреди дека домаќини на Евробаскетот во 2029 година ќе бидат Шпанија, Грција, Естонија и Словенија и тоа ќе биде 43. издание на Евробаскетот.

Градови домаќини ќе бидат Мадрид, Атина, Талин и Љубљана, а нокаут фазата и големото финале ќе се играат во Мадрид.

Фото: Принтскрин