До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
ФИФА објави дека примила повеќе од 500 милиони барања за влезници за Светското првенство 2026 година за време на едномесечниот рок за пријавување што траеше од 11 декември до 13 јануари. Овој податок сведочи за невидена глобална побарувачка за првиот турнир со 48 екипи, кој ќе се одржи низ САД, Мексико и Канада.
ФИФА потврди дека пријави поднеле навивачи од сите 211 членки на федерацијата. Меѓу земјите со најмногу пријави предничија домаќините, САД, Мексико и Канада, а по нив следат Германија, Англија, Бразил, Шпанија, Португалија, Аргентина и Колумбија.
Најбараниот натпревар во оваа фаза беше средбата помеѓу Колумбија и Португалија, кој ќе се одигра на 27 јуни во Мајами. Голем интерес имаше и за натпреварите Мексико – Јужна Кореја во Гвадалахарa, финалето на Светското првенство на 19 јули во Њу Џерси, отворањето на турнирот помеѓу Мексико и Јужна Африка во Мексико Сити, како и за натпреварот од осминафинале во Торонто на 2 јули.
















