ФИФА го прифати барањето на Украина: Одложен мечот од баражот за СП во Катар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот од полуфиналето на баражот за заминување на Светското првенство (СП) во Катар меѓу Шкотска и Украина, кој требаше да се одигра на 24 март во Глазгов е одложен по барање на Украинците.

ФИФА го прифати барањето на Украинците, иако остана нејасно како ќе пронајде нов термин за одигрување на средбата, а како можност се споменува термин резервиран за Лигата на нации во јуни.

Одложувањето на мечот, ќе значи и нов датум за финалето во баражот бидејќи подобриот од мечот Шкотска – Украина, ќе игра против победникот меѓу Велс и Австрија.

Долго време владее хаос во делот на баражот во кој е рускиот национален тим, зашто три репрезентации одбија да играат против нив поради ситуацијата во Украина.