ФИФА ја претстави официјалната песна за Мундијалот во Катар (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот музичар Тринидад Кардона, ѕвездата Дејвид и Аиша од Катар се изведувачите на официјалната песна за Мундијалот, а истата се вика „Хаја, хаја (Подобар живот)“.

Песната денеска ќе биде премиерно изведена на церемонијата на ждрепката за групите на Светското првенство (СП) во Катар.

„Оваа песна симболизира дека музиката и фудбалот може да го обединат светот“, порача ФИФА.

Песната предизвика голем број реакции на социјалните мрежи, а коментарите најчесто се позитивни и многумина ја споредија со хитот на Шакира, „Вака, вака“.