ФИФА ќе го казни Бразил поради инцидентите на „Маракана“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светската фудбалска организација (ФИФА) отвори истрага за случувањата на „Маракана“ пред натпреварот против Аргентина во квалификациите за Светското првенство (СП).

ФИФА ќе го истражува бруталниот однос на полицијата кон навивачите, при кој беа повредени неколку гостински фанови.

Голманот Емилијано Мартинез се обиде да интервенира и да ги спречи полицајците, но не успеа во неговата намера.

Бразил е пред сериозни проблеми затоа што може да добие казна од играње пред празни трибини до одземање на бодови.

„Кариоките“ се шести на табелата со седум бодови по шест одиграни кола.