ФИФА очекува милијарда долари приход од Светското првенство за жени


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


ФИФА планира да оствари милијарда долари приходи “во иднина” од Светското првенство за жени, кое ќе се прошири од 32 на 48 екипи почнувајќи од 2031 година, објави во среда нејзиниот претседател Џани Инфантино.

“Гледаме значителен, експоненцијален раст во женскиот фудбал”, истакна Инфантино на Саудиско-американскиот инвестициски форум во Ријад.

Слично на Светското првенство за мажи, кое ќе се зголеми од 32 на 48 екипи и од 64 на 104 натпревари од 2026 година, Светското првенство за жени се зголеми од 24 на 32 екипи во 2023 и ќе порасне на 48 до 2031 година.

“Нашата цел е да генерираме милијарда долари приходи од Светското првенство за жени, или околу 890 милиони евра, за парите да може повторно да се вложат во женскиот фудбал”, додаде.

Фото: Принтскрин