ФИФА одвои над 300 милиони за клубови кои ги ослободуваат играчите за репрезентацијата


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во пресрет на новите квалификации за Светското првенство, фудбалската сцена добива интересна димензија, бидејќи клубовите од целиот свет сега имаат дополнителна причина со гордост да гледаат како нивните играчи добиваат покани во националните селекции.

Причината лежи во новата одлука на ФИФА, врховната организација на светскиот фудбал, значително да го зголеми надоместокот што клубовите го добиваат кога нивните фудбалери настапуваат за репрезентација.

Според новите правила, премиите се зголемени дури за 70 проценти во однос на претходниот циклус, што значи дека финансиската корист за клубовите ќе биде поголема од кога било порано.

ФИФА издвои импресивни над 300.000.000 евра, кои ќе бидат распределени меѓу екипите низ целиот свет.