ФИФА подготви богати награди, познато по колку пари ќе заработат клубовите


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Во Мајами се одржа ждреб за Светското клупско првенство, кое следната година ќе се одржи во САД во нов формат. На турнирот ќе учествуваат 32 клуба кои се поделени во осум групи по четири екипи.

По две екипи од секоја група поминуваат во нокаут-фаза на натпреварувањето. Значи, форматот е ист како на досегашните светски првенства за национални тимови. Знаеме кои клубови ќе настапат, ни е познат форматот и домаќинот на натпреварувањето, денеска ги дознавме и групите, но сè уште официјално не е точно познато по колку пари ќе заработат учесниците, иако се шпекулира за одредени суми.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, сè уште работи на финансирањето на турнирот и утврдувањето на наградите кои ќе бидат поделени на клубовите. Веќе е постигнат важен договор со големи брендови: Hisense, Bank of America, Budweiser и Rock-it Cargo. Овие компании ќе ја следат ФИФА и на Светското првенство во 2026 година. Овие компании ќе помогнат во покривање на паричните награди.

Остатокот од финансиската поддршка треба да дојде од операторот кој ги презеде телевизиските права за Светското клупско првенство. Конечно беше постигнат договор со моќна платформа за стриминг за пренос на настанот ширум светот. „ДАЗН“ има доволно сила да му обезбеди глобален карактер на турнирот. Преговорите беа долги, со успеси и стагнации низ разговорите. ФИФА сакаше сè да биде добро поврзано пред официјалната објава.

Вкупните износи на договорот не се официјално објавени, но се шпекулира дека станува збор за околу милијарда евра. Тоа се средствата кои ќе го овозможат финансирањето на турнирот бидејќи Инфантино последните денови активно и пасивно повторуваше дека ФИФА нема да вложи ниту еден евро од своите средства во Светското клупско првенство.

Првичната идеја која Инфантино ја предложи на клубовите беше минимум 50 милиони евра по екипа за учество (вкупно 1,6 милијарди евра) плус награди за голови, иако тие износи не се официјални и процените велат дека станува збор за пониски бројки.