Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Се подготвува нов чекор во светскиот фудбал што сигурно ќе предизвика многу коментари од љубителите на фудбалот, но и од страна на клубовите.
Светското клупско првенство со 32 клуба домаќин на кое е САД стигна до нокаут фазата, а за овој формат веќе се размислува и за четири години.
ФИФА ја разгледува опцијата Катар да биде домаќин на следното Светско клупско првенство во 2029 година.
Катар сака уште едно домаќинство по Мундијалот 2022 година и изгледа има поддршка од ФИФА.
Меѓутоа, планот е првенството во 2029 година да се одржи на зима, исто како и она за репрезентации 2022 година.
Овој термин сигурно не би одговарал на многу клубови, особено од Европа.
Во тој контекст, клупското првенство би било на средина од европските сезони и календарот би бил тотален хаос.
Фото: Принтскрин