ФИФА со строги санкции: Русија ќе сонува за настап на Светско првенство!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интернационалниот олимписки комитет препорача сите руски и белоруски спортисти да добијат забрана за учество во интернационални натпреварувања, а ФИФА планира да ги суспендира Русите, а тоа значи дека нема да играат на Светско првенство во Катар.

ФИФА е подготвена да повлече радикален потег, откако пред неколку дена ги казнија со забрана за изведување на химната и користење на руското знаме.

Русија нема да може да игра во рамки на ФИФА додека не заврши воениот конфликт во Украина, па тоа значи дека Русите нема ниту да играат на баражот на 24 март.

Меѓутоа, постои еден услов според кој би можела Русија да заигра во баражот, а тоа е доколку за краток период се реши ситуацијата и ФИФА ќе ги укине мерките против Русија.

Русија во полуфиналето на баражот за Мундијалот требаше да игра на 24 март против Полска на свој терен, по што на 29 март ќе играше против подобриот од Чешка – Шведска, доколку го минеше првиот ривал.