Фиго ги нервира навивачите на Барса и ја кажа својата прогноза за „Ел Класико“


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид ќе ја пречека Барселона на Сантјаго Бернабеу во Ел Класико кое е закажано за недела од 16:15 часот во рамки на 10. коло од Ла Лига.

Средбите на овие два големи светски клуба секогаш предизвикуваат посебно внимание и истите се нетрпеливо очекувани, па така е и овој пат. Реал и Барса ќе водат жестока битка за титулата до крајот, а моментално Кралевите имаат два бода повеќе од својот лут ривал.

Пред овој натпревар, се обрати Луис Фиго, еден од ретките кои носеле дрес на двата тима. Трансферот на Фиго од Барселона во Реал Мадрид во 2000 година остана еден од најконтроверзните и најзначајните моменти во историјата на фудбалот.

Во јули 2000 година, Флорентино Перес, тогашниот претседател на Реал Мадрид, им вети на членовите на клубот дека ќе го доведе Луис Фиго ако победи на претседателските избори. По неговиот избор, Реал го искористи клаузулата за откупна цена на Фиго од 60 милиони евра, што тогаш беше светски рекорд за трансфер.

Фиго беше клучен играч на Барселона, лидер и омилен меѓу навивачите. Неговото преминување во најголемиот ривал предизвика чувство на длабоко предавство меѓу каталонските навивачи.

„Мислам дека Реал Мадрид ќе победи 3:1. Играат дома и тоа секогаш се смета за предност. Освен тоа, имаат подобри играчи и во моментов играат подобар фудбал”, рече Фиго.

ж