„Филип Втори“ заминува во историјата: Градски веќе има ново име


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Националната арена „Филип Втори“ наскоро ќе има ново име затоа што досегашното ќе замине во историјата по политичкиот договор постигнат помеѓу Македонија и Грција.

Неколку имиња се во опција за ново име на арената, а „Плусинфо“ од свои извори во владата пренесува дека тоа ќе биде името на нашиот најпознат пејач, Тоше Проески.

Интересно е тоа што во доставените предлози го немаше името „Градски стадион“ како што порано се нарекуваше ова здание.

Се очекува наскоро и официјално да биде објавено името на најголемиот стадион во Македонија.