Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
До 9.500 навивачи ќе може да бидат присутни на финалето во Лига Европа, кое годинава ќе се игра во Полска, а тоа го потврди Европската фудбалска унија (УЕФА) по дозволата од локалната власт.
УЕФА објави дека полската власт им дозволила капацитетот на „Гдањск“ да биде исполнет до 25 проценти од 40.000 места за мечот кој ќе се одигра во среда на 26 мај.
Во финалето речиси сигурно ќе игра Манчестер јунајтед, кој во првото полуфинале против Рома славеше со 6-2, додека во вториот полуфинален меч Виљареал го совлада Арсенал со 2-1.
На натпреварот ќе може да присуствуваат и навивачи кои не живеат во Полска, а секој од клубовите финалисти ќе добие на располагање по 2.000 влезници, од кои 2.000 ќе бидат пуштени во продажба за локалното население, а останатите 3.500 ќе бидат распоредени за останатите.