Финалистите од ЛШ го сакаат најдобриот стрелец во светот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роберт Левандовски има договор со Баерн Минхен до 2023 година и германскиот шампион за неговите услуги бара сума од 60 милиони евра.

Светските медиуми пред неколку дена објавија дека Левандовски би можел да го напушти баварскиот гигант летово, а „ЕСПН“ објави дека за неговите услуги се заинтересирани Челси и Манчестер сити.

Левандовски претходно кажа дека сака да ја заврши кариерата во Баерн, но интересот од Премиерлигата би можел да го предомисли.

Освен англиските гиганти, интерес за Полјакот покажа и ПСЖ, па ќе биде интересна битката на лето за неговиот потпис.

Левандовски сезонава постигна 36 гола во Бундеслигата за актуелниот првак.