Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Душан Влаховиќ, српскиот фудбалер кој го носи дресот на Фиорентина, од следната сезона најверојатно ќе го носи дресот на поранешниот шампион Јувентус.
Италијанските медиуми пишуваат дека „Старата дама“ се договорила со српскиот репрезентативец и за неговите услуги ќе потроши 60 милиони евра
Влаховиќ одамна реши да ја напушти Фиренца и не сакаше да го продолжи договорот, кој му трае до 2023 година, па затоа ова е последна шанса на Фиорентина да добие многу пари за негов трансфер.
Имаше шпекулации дека за услугите на Србинот се заинтересирани Манчестер сити и Арсенал, но Влаховиќ не сака да ги напушта Апенините и решил да потпише за Јувентус.
Mercato, Vlahovic rompe con la Fiorentina e vuole la Juve https://t.co/L5ooLsVe0k
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) January 24, 2022