Фиорентина не запира – го носи и „новиот Пирло“ во Фиренца?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фиорентина летово направи неколку интересни трансфери. На „Артемио Франки“ пристигнаа Кевин-Принц Боатенг и Франк Рибери, а успеаа да го задржат Федерико Кјеза.

Клубот од Фиренца сега е на добар пат да го ангажира „новиот Пирло“, барем така објави италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.

Фиорентина ги почнала преговорите за откуп на Сандро Тонали, а новинарот тврди дека двете страни веќе имале состанок во Фиренца.

Тонали во претходниот период беше желба на речиси сите италијански гиганти, но Комисо може да му вети стандардна минутажа во Серија А.

До крајот на преодниот рок останаа уште два дена, а останува да видиме дали Фиорентина ќе го обезбеди неговиот потпис.