Фирмино ја освои Лигата на шампиони во Азија, па подигна сидро: Познато е името на новиот клуб


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач, Роберто Фирмино, наскоро ќе биде претставен во новиот клуб. Ќе ја напушти Саудиска Арабија, но ќе остане во Азија.

За четири милиони евра Хофенхајм во 2011 година го доведе Роберто Фирмино од Томбенсе.

Во овој германски клуб започна неговиот подем, а во 2015 година за 41 милион евра го доведе Ливерпул.

Блескаше во дресот на Црвените осум години, освои помеѓу останатото и Премиер лига и Лига на шампиони, а во 2023 го напушти клубот.

Потоа замина во Ал-Ахли од Саудиска Арабија, и со овој тим успеа да ја освои и азиската Лига на шампиони.

Сега дојде време за нова промена на средината, а познато е и каде ќе ја продолжи кариерата.

Како што објави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо, постигнат е договор и Фирмино ќе се приклучи на катарскиот Ал Сад.

Фото: Принтскрин