Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето на Светското клупско првенство, а еден од подобрите играчи на „Кралевите“ по елиминацијата на Јувентус дозна дека наскоро ќе ги напушти Кралевите. Интересно е дека неодамна побара бројот 10, бидејќи Лука Модриќ заминува, а го дочека студен туш.
„Defensa Central“ тврди дека Алонсо му порача на Родриго дека може да биде продаден до крајот на преодниот рок, и дека Флорентино Перез очекува заработка од околу 80 милиони евра.
Иако јавно во изјавите е прилично благ во однос на Родриго, фактот дека на најважните мечеви на СП за клубови не доби ниту една минута, сè зборува.
Следната сезона се одржува Светското првенство, а напаѓачот не сака да го пропушти тој турнир, сака да игра за репрезентацијата и поради тоа ќе бара излез.
Како што стојат работите сега, Родриго ќе го напушти Реал откако ќе заврши Светското првенство за клубови и дури кога екипата ќе се врати во Мадрид ќе започнат преговорите.
Најверојатно во Реал веруваат дека целиот трансфер може да се одложи и да трае до август, за да се задоволат сите страни – купувачот, продавачот, како и самиот играч.
Интересно е дека Родриго неодамна се споменуваше како можен наследник на „десетката“ на Лука Модриќ кој заминува по 13 години и е пред потпис со Милан.
Фото: Grok AI