Фјури си закажа нов спектакл по реваншот со Усик


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тајсон Фјури загуби во првиот меч од Олександр Усик, но британскиот боксер реши да ја активира клаузулата за реванш.

Реваншот ќе се одржи пред крајот на 2024 година, а потоа следи нов спектакл за Фјури. Промотерот Боб Арум откри дека Британецот сака да се бори против Ентони Џошуа во текот на следната година.

Фјури во моментов нема ниту еден појас во тешка категорија бидејќи ги загуби со поразот од Усик во Ријад, Саудиска Арабија.