До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шансите да Винисиус Жуниор остане во Реал Мадрид по летото 2027 година се минимални. Впечатокот е дека никој не сака тоа да се случи.
Во Реал се ситни од разни проблеми кои ги имаат со Винисиус, првенствено поради неговото однесување, на шпанската јавност è преку глава од неговите постојани жалби, а и нему, изгледа, му е здодевно да се бори со сѐ што не му е по ќеф.
Појас за спасување му нуди – Фламенго. Клубот од кој тргна во „белиот свет“ во 2018 година, кога стана полнолетен. Во овој момент сè изгледа како научна фантастика, но никој не веруваше ниту дека црвено-црните можат да го доведат Лукас Пакета за 40.000.000 евра, што е најголемиот влезен трансфер во историјата на бразилскиот фудбал.
Челниците на Фламенго јавно порачале дека сакаат да го вратат Винисиус, но не сакаат да платат ништо на Реал Мадрид.
„Договорот на Винисиус наскоро истекува. Ми испрати неодамна убав подарок: негов дрес со потпис. Околу такви играчи можете да се борите само кога и тие сакаат да дојдат. Нашите врати за Вини се отворени, сѐ зависи од него. Секако, зборуваме за летото кога му истекува договорот, кога не би требало ништо да платиме на Реал“, рече Жозе Бото, спортскиот директор на Фламенго, на конференција за новинари.
Токму случајот со Лукас Пакета е пример на играч кој не сакаше никаде друго туку во Фламенго.
„Без желбата на Лукас да се врати, не можевме ништо. Тој сакаше само во Фламенго, а имал понуди од 10-15 клубови од Европа“, нагласи Бото.
















