Фланаган на позајмица во Барнли


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дефанзивецот на Ливерпул, Џон Фланаган денеска им се приклучи на новодојдените во Премиер Лигата, екипата на Барнли.

Фланаган потпиша нов договор со црвените од Ливерпул во Март месец годинава, но повредите го направија своето. Тој засега нема сигурно место во тимот на Клоп, на десната позиција назад ќе игра Клајн.

Фланаган има одиграно повеќе од 50 натпревари за Ливерпул во 6 сезони, но последните 2 сезони тој се влечеше со сериозна повреда на коленото.

Тимот од Енфилд реши да го пушти на позајмица во Барнли, бидејќи Клоп веројатно не го има во план 23 годишниот фудбалер.

„Јас морам да си ја вратам формата. Среќен сум во Барнли. И Барнли е голем клуб со многу фанови, ќе дадам се од себе“ – рече Фланаган