Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Веќе со месеци се појавуваат шпекулации околу тоа како ќе изгледа голманската постава на Барселона во новата сезона, а Ханси Флик конечно „пресече“ и донесе одлука.
Флик се соочи со голем проблем на почетокот на сезоната кога Марк-Андре тер Штеген доби тешка повреда на коленото поради која не беше на теренот уште од септември минатата година.
Тогаш Инаки Пења го зазема местото на Тер Штеген, а Барселона го доведе и Војчех Шчесни кој се активираше од пензија и потпиша договор до крајот на сезоната.
Пења бранеше во првиот дел од сезоната, а Шченсни го имаше својот дебит на почетокот на јануари оваа година и оттогаш бранеше скоро секоја минута.
Пред најважниот дел од сезоната, Тер Штеген се опорави и почна да тренира со тимот, но Флик порача дека нема да брза со неговото враќање бидејќи е очигледно задоволен како Шченсни брани и според сè, полскиот голман ќе го продолжи договорот на уште една година.
Планот на германскиот тренер за следната сезона е Тер Штеген да биде прв голман, а улогата на втор голман ќе ја добие Шчесни, кој се согласи на условите и е задоволен што во Барселона му понудија нов договор.
Фотографија: Принтскрин