Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Голема борба претстои за еден од најдобрите млади играчи на сите времиња, Ламин Јамал. Пари Сен Жермен ја следи ситуацијата во Барселона.
Младиот бисер на Барселона, Ламин Јамал, наводно влегол во конфликт со Ханси Флик и сериозно размислува за заминување од клубот ако состојбата не се подобри. Како што пишува шпанскиот портал Defensa Central, односот меѓу тренерот и тинејџерската ѕвезда е далеку од идеален, а младиот играч се чувствува неразбрано и неправедно критикуван.
Флик во неколку наврати јавно го истакнуваше Јамал како пример на играч кој сè уште треба “да научи како да игра за екипата”, што не му се допадна ниту на играчот, ниту на неговото опкружување. Ламин смета дека на него му се навалило премногу одговорност, додека тренерот покажува недостаток на доверба кон него.
Оваа ситуација кај 17-годишното чудо од Ла Масија предизвикува разочарување. Тој има чувство дека на секоја негова грешка се гледа под лупа, додека неговите добри настапи и придонес за тимот се занемаруваат. Иако Флик е познат по строг пристап и инсистирање на дисциплина, изгледа дека со младиот Јамал тој рецепт не функционира најдобро.
Јамал верува дека би му било полесно да се развива под тренер кој повеќе верува во индивидуален израз и слобода во играта, додека Флик преферира строга тактичка дисциплина и тимска хомогеност. Поради тоа, во неговото опкружување веќе почнало да се размислува за можен замин – не веднаш, но можеби веќе на крајот од сезоната ако динамиката не се промени.