Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Еден од истакнатите статистички податоци по „Ел Класико“ во кој Барселона среде Мадрид го победи Реал 4-0 беше бројот на офсајд позиции во кои беа фатени домашните играчи.
Конкретно, Реал падна во стапица 12 пати, од кои Килијан Мбапе се најде во таа позиција дури осум пати. Дел од шпанските медиуми открива дека тоа бил планот на тренерот Ханси Флик.
Многумина се изненадени од тоа колку високо на теренот Барселона ја поставува таа стапица, а „Мундо Депортиво“ наведува дека Флик инсистирал на таков пристап и по 0-0 во првото полувреме на дербито, и покрај голот на Мбапе, кој беше поништен поради офсајд.
Се истакнува една негова реченица од полувремето на натпреварот, а тоа е „Кој се помрдне макар и метар наназад, оди на клупата“.