Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Тренерот на Барселона Ханси Флик верува дека неговиот тим може да се пласира во финалето на Лигата на шампионите.
Во првиот натпревар меѓу Барселона и Интер видовме спектакл и резултат 3:3 на крајот. Од 21 часот во Милано се игра вториот натпревар, по што ќе го дознаеме првиот финалист на годинашната Лига на шампиони.
„Ламин е гениј. Неверојатно е тоа што го прави со топката. Секое додавање е невероајтно… Неверојатно е ова на 17 години. Во првиот натпревар не врати во игра со своите акции и со својот гол, беше многу добро да се види. Но треба секогаш тоа да го покажува. Пред нас е вториот натпревар, многу важен, бидејќи сакаме да влеземе во финалето. Тоа е нашата цел и потребни ни се сите на највисоко ниво за да го победиме фантастичниот тим каков што е Интер,“ изјави Флик.
Фото: Принтскрин
.